ZYRUS Engineering направи реконструкција на Lamborghini Huracan, насловен Zyrus LP1200 Strada и рачно изработен. За оваа изведба биле потребни промена на над 600 делови за да може да се намали тежината на возилото за 78 килограми. Овој автомобил на патека е направен да испорачува 1200 коњски сили, додека со само едно притискање на копче моќноста може да биде ограничена на „поразумни“ 900 коњски сили наменети за градските улици.

Неговата екстремна аеродинамика соработува добро со огромната моќност, па така 2010-те килограми го задржуваат LP1200 Strada залепен на тротоарот, но само кога возачот достигнува најмалку 200 километри на час. Секако оваа технологија доаѓа по цена од 595.000 евра со кои добивате и тим одговорен за целосно да го едуцира сопственикот за неговите можности и ограничувања.