Компанијата Zyrus Engineering има богато искуство кога станува збор за работата со карбон, а body китот за Taycan го подготвуваше три месеци. Се состои од 14 посебни компоненти кои користат оригинални точки за монтирање, а крајниот производ изгледа навистина спектакуларно и професионално. По речиси три месеци создавање на прототипи, во Zyrus се убедени дека ќе бидат првите на пазарот со високо квалитетен пакет за Taycan.

Дел од пакетот вклучува преден сплитер, странични прагови, предни крила со вентилациски трим, заден спојлер и дифузер на задниот браник. Исто така може да се забележи и OZ Racing HyperGT HLT тркала. Овој карбон body кит има почетна цена од 12.900 евра и може да се добие во мат или црн карбон. Задниот спојлер може да се добие посебно за 1.700 евра, со тоа што Zyrus нуди и персонализирани опции за боја според барање.

Превземено од avtoplus.mk