Ако сте љубител на трчањето или возењето на велосипед, без разлика дали на отворено или во теретана, сега можете таа физичка активност да ја направите уште по забавна. Апликацијата Zwift ви овозможува тоа да го правите во група во еден виртуелен свет со други Звифтери. Оваа апликација работи само доколку имате Zwift Run Pod, уред кој се става на вашите патики.

Zwift Run Pod

Zwift апликацијата можете да ја симнете на вашиот телефон или таблет и секако во било кое време и без оглед на кој виртуелен свет ќе го одберете вие ќе ја извршувате вашата активност со илјадници луѓе кои ја користат истата апликација. Користејќи го Zwift Run Pod и Zwift апликацијата, можете да ги следите и анализирате вашите перформанси поефикасно. Доколку сакате повеќе параметри да следите, тогаш можете да го вклучите и вашиот паметен часовник.