Кога станува збор за зимските ткаенини, не барајте подалеку од твид! Оддавајќи шарм на суштинското наследство и полн со солиден шик – твидот е без сомнение must-have ткаенината оваа сезона.

Во модниот свет постојана е дискусијата дали твидот е минлив тренд или пак вечна класика, кој во согласност со цикличната природа на модната индустрија повторно се врати во „mainstream“ модата. Она што е сигурно е тоа дека има вистински долга историја и традиција: Оваа волнена ткаенина наречена tweed (река во Шкотска), традиционално ја носела британската висока класа која твидот го ценела за првокласен, квалитетен и речиси неспоредлив материјал.

Потеклото на твидот

Твидот го направи своето модно деби во Шкотска во 18 век, регион познат по брутално студените зими и непријателската клима. Овој вид ткаенина изработена од груба плетена волна, беше погуст и потежок од другите слични материјали – совршен за студ, додека во исто време е пријатен за носење и флексибилен при движење.

Уште од своето скромно потекло, твидот стана практична ткаенина за британската елита, професори и сега, благодарение на извесниот Дејвид Ганди, за модерниот џентлмен. Тежок, издржлив и практичен, а истовремено е и раскошен и стилски – што може да не се сака кај твидот? Најдобриот дел? Може да го носите скоро насекаде и во секое време.

Како да носите твид оваа зима

Ниту една гардероба за модерен маж не е комплетна без парче костум од твид. Всушност, тоа е од суштинско значење. Класичната комбинација на јакна од костум, елек и панталони е основата на машката мода од 19 век и продолжува да биде олицетворение на стилот и класата. Без разлика дали се упатувате кон канцеларијата или бегате на село за зимски викенд, костумот од твид е секогаш елегантен избор.

Но, не сите твид костуми се направени подеднакво. Колку и да е елегантен дизајнот или ткаенината со добра текстура, доколку костумот не одговара како што треба, ќе изгледате повеќе како демодиран аристократ отколку сензација во модерен стил. Бидете сигурни дека ги следите вообичаените правила и да одберете костум што има ракави кои завршуваат на рачниот зглоб, рамената се вклопуваат прилагодено на вашите плеќи и панталони што не се влечат.

За да бидете сигурни дека совршено ќе пасува, изработете го кај кројач. Денес, навистина има кројачи кои изработуваат педантно рачно изработени костуми по нарачка за пристојна цена. Твид-костум од три дела направен по мерка е инвестиција која се исплати. Носете го како целина за стилска алтернатива на вашиот просечен костум или раздвојте го и измешајте ги одделно парчињата и спарете ги без напор за софистициран релаксиран изглед.

Збогатете го вашиот изглед: Палто од Твид

Ако твидот е ваше ново искуство, тогаш стартувајте со палто од твид. Постојат само неколку работи кои се поразновидни од добро палто од твид, скроено по мерка. Тоа е едно од ретките парчиња што можат инстанд да ја трансформираат вашата облека, додека додаваат некаква визуелна љубопитност за вашиот изглед.

Шара „рибина коска“ или „пепито“, се само неколку од елегантните дизајни што можат да додадат зачинетост на инаку обичниот изглед. Спарете го со темни тексас фармерки и Оксфорд кошула за кул класично наследство со модерна нота. Или наметнете го врз тексас кошулата и морнарско сини чиноси за урбана атмосфера со кантри допир.

Елеци од Твид

Елеците од твид доживуваат моден камбек и тоа не можеше да дојде во подобро време. Ако се навратиме назад во XVII век, елеците првично беа дизајнирани да бидат машка верзија на корсетот. Викторијанските мажи го облекуваат елекот за да ги стегне во половината и да ја потенцираат својата машка фигура. Иако современите елеци се многу помалку ограничувачки – тие го имаат истиот ефект – истанчување на конструкцијата и издолжување на фигурата. Совршено одговара за криење на ефектите од сите оние богати софри!

Елеците може да бидат надоградени како слој на повеќето кошули и да се носат со фармерки или чиноси за релаксиран викенд. Само запомнете, кога станува збор за елеците, клучна е едноставноста. Затоа, избегнувајте евтин изглед на магионичар и држете се со едноставни, блок бои, како што се зелена, морнарско сина и сива боја.

Панталони од твид

Дури и најмодерно настроените мажи можат да заглават во рутина со својот избор на панталони. Знаете дека има повеќе избор од фармерки и чиноси, нели? Панталоните од твид се одлична алтернатива и функционираат во сите поставувања – доволно елегантни за свечени настани како празнични собирања или забави во канцеларија, а сепак доволно лежерни за да се носат за долги зимски прошетки и попладне во кафуле.

 

 

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.