Несомнено здравјето на цревата е одговорно за благосостојбата на целото наше тело, вклучувајќи го и нашиот имунитет. Доста интересен орган. Но многу важна улога во целиот овој орган играат збирот на 100 трилиони микроорганизми кои живеат во нив, бактерии, вируси и габи, цел друг свет што го носиме во себе а од кој изгледа дека нашиот живот и свет зависи повеќе отколку што мислиме. Запознајте го другарот на вашето здравје микробиомот.

Многу научници го истражувале овој дел од човековото тело и сватиле дека токму овој систем е одговорен за алергиите, дијабетот, артритисот, а не гените. Знаејќи дека овие микроби се битни за здравјето на цревата го водат нашето варење на храната, имунолошкиот систем, енергетскиот метаболизам, апсорпцијата на хранливите материи и апетитот, многу е јасно дека влијаат и на нашата среќа бидејќи 90 проценти од серотонинот е во нашите црева.

Хемиската материја одговорна за нашата среќа е врзана со нашата генетика, но важно е дали со исхраната во организмот се внесува аминокиселнината триптофан. Значи каква храна внесуваме, колку добро ја џвакаме и како ја јадеме влијае на целиот овој процес. Затоа е битно кога јадеме да одвоиме време за секој оброк и убаво да ја џвакаме храната.

Планирајте го секој оброк и внимавајте на здравата храна. Храна богата со аминокиселини е многу подобра, храна која е богата со растителни влакна исто така, едноставно разгалете го микробиомот со лук, кромид, аспарагус и овес. Ако го менувате начинот на исхрана имајте на ум дека тоа треба да го правите полека за да не ги вознемирите цревата.

Поголемиот дел од на корисни бактерии потекнуваат од ферментирана храна. Па поради тоа пијте ќефир, јадете кисела зелка. Исто така и црниот и зелениот чај се напитоци кои го подобруваат варењето. За време на вашиот ручек преферирајте вино не вода бидејќи водата ги разредува желудечните сокови.