Новата краткометражна серија The Queen’s Gambit на Netflix ќе ве навлече поради неколку причини, а една од нив е фантастичниот кастинг кој нема да ве разочара.

Доколку сакате шах, ќе ви се допадне и The Queen’s Gambit. Но, дури и ако не сте играч, ќе уживате во оваа неверојатно смислена, прекрасно снимена и одличното темпо кое го поседува оваа серија од седум дела за девојче сирак кое се издигнува во 1950-тите години во шаховскиот свет во кој доминираат мажите. Наречена по шаховски потег, серијата го следи животот на шаховското чудо Бет Хармон, чиј талент е открен од старателот во сиропиталиштето. Приказната се однесува за нејзиниот раст до славата, завнисноста, падот и новиот подем. Сето тоа поставено врз големото шаховско ривалство меѓу САД и СССР.

The Queen’s Gambit е базирана на книгата од Валтер Тевис. Иако станува збор за фантазија, Тевис, кој самиот е шаховски играч од Класа Ц, го проучувал светот на шаховските велемајстори како Роберт Фишер, Борис Спаски и Анатолиј Карпов.

Тевис исто така се соочил со зависности во животот, тема која се споменува и во книгата и во серијата. Тој почина една година откако книгата беше објавена. The Queen’s Gambit долго време се подготвуваше, иако голем број луѓе сакаа да ја донесат на малите екрани.

Иако The Queen’s Gambit е спортска серија, неколку суптилни теми за феминизам, пријателство и нефер социјални обичаи се една од темите кои се истакнуваат. Серијата има совршено темпо, со одличен костумски дизајн кој ја транспортира публиката во Америка во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Интересен факт – шаховските потези во серијата се дизајнирани од шаховскиот тренер Брус Пандолфини и велемајсторот Гари Каспаров.

Тејлор-Џој е совршениот избор за Бет Хармон

Улогата на главниот протагност ја толкува Ен Тејлор-Џој. Соочувањето со загубата на единствениот родител на осумгодишна возраст, осаменоста и раната зависност, како и наоѓањето бегство во шахот, карактерот на Бет одлично испливува на површина благодарение на одличните перформанси на Тејлор-Џој.

Како строгиот господин Шајбел, старателот во сиропиталиштето на Бет, актерот Бил Кемп делува навистина одлично. Човек од неколку зборови, Шајбел ја воведува Бет во играта, будејќи ја во нејзе пасијата за шахот, што во еден момент ќе ја донесе во фокусот.

Хари Мелинг го толкува Хари Белтик, првиот државен шампион кој Бет ќе го победи, а потоа има и романтична алијанса со него. Мелинг е познат по улогата на Дадли Дарсли во Harry Potter, а тука докажува дека израсна во добар актер.

The Queen's Gambit

Томас Броди Сангстер е уште едно „дете“ кое остава силен впечаток. По успесите со Maze Runner филмовите, Броди Сангстер во улогата на Бени Ватс е мирен, арогантен и актуелен велемајстор и американски шампион, кој ќе ја научи Бет на сите трикови.

Мозес Инграм ја има улогата на Џолин, сираче, лице од доверба и единствениот вистински пријател кој Бет го има во своите денови во сиропиталиштето. Иако таа е првата која ќе забележи дека Бет има проблем со зависноста, таа исто така се враќа една година подоцна, за повторно да и помогне на Бет.

Посебно мора да се спомене малото девојче кое го глуми Бет Хармон во младите денови. Тивко и длабоко исплашено од самоубиството на нејзината мајка, Исла Џонстон носи неверојатен перформанс, толкувајќи дете кое станува зависно од апчиња за смирување, но сепак ги познава ефектите кои ги има врз нејзината љубов кон шахот.

The Queen's Gambit