Сонот е една од оние работи за кои знаеме дека се добри за нас, но понекогаш ни е тешко да ги имплементираме. Постои една културолошка идеја дека колку повеќе човек спие, толку повеќе има потреба од сон, станува мрзелив и млитав, што всушност не е вистина. Постојат повеќе причини зошто се чувствувате постојно уморни и начини како да се справите со тој умор.
Причини за појава на умор:
Јасно и гласно, многу е веројатно дека не спиете доволно па затоа сте уморни. Но, според неврологот Брајан Мареј од Торонто, не сте единствениот, на многумина им се потребни 7 до 9 часа сон, а добиваат многу помалку.
Вежбањето и здравата исхрана се уште две причини кои истражување по истражување се покажале како важни за уморот и квалитетниот сон. Исхраната богата со овошје, зеленчук, а помалку масти и млечни производи е водилка за подобар сон.
Во некои случаи, до умор и постојано чувство дека ви се спие, може да дојде и поради некои лекарства кои ги консумирате, а кои инхибиторно влијаат врз чувството за рамнотежа и крвниот притисок. Такви се антидепресивите и лековите против алергија.
Кај организмот на човекот помеѓу 2 и 4 часот по полноќ и околу 2 часот на пладне доаѓа до најголем пад на енергијата. За оној период во текот на ноќта некако и ни е јасно, но ако сте го обвинувале обилниот ручек на пауза за падот на енергија во 2 попладне, тогаш сте грешка. Експертите велат дека станува збор за клеточен циклус. „Сите клетки имаат свој молекуларен часовник, кој работи во одреден ритам“, вели Мареј.
Можено е проблемот да е некое нарушување на сонот, па ако и покрај спиењето во текот на ноќта, се’ уште се чувствувате уморни, можно е да страдате од опструктивен прекин на сонот. Ако заспивате за време на разговор, состанок и слично, веројатно станува збор за нарколепсија, а ако не спиете воопшто во текот на ноќта па сте уморни преку ден, тогаш станува збор за несоница.
Што треба да преземете?
Направете го местото за спиење најудобно што можете. Треба да не е топло, да е тивко, темно и удобно. Оставете ги во друга просторија телефоните, таблетите, телевизорите. Вежбајте редовно и хранете се редовно и здраво.
Ако проблемот потекнува од лекарствата, разговарајте со својот доктор. Пијте кафе, кое е корисно до одреден степен. „Две шолји кафе во текот на денот е сосема нормална колична. Повеќе од тоа, само го маскирате проблемот“, објаснува Мареј.