Зборот „шминка“ има таква феминистичка конотација. Ниту еден маж не сака да признае дека носи шминка, бидејќи тоа би значело дека тој станува… Но и покрај ова се повеќе мажи користат машка специфична шминка. Според Еуримонитор оваа година пазарот за машка нега ќе вреди повеќе од 49 милијарди фунти, што е зголемување за четири пати во споредба со 2015 година.
Основачот на компанијата за машка козметика, MMUK основана во 2011 година, вели дека во тоа време рутината на мажите се сведувала на користење на шампон и гел за туширање, додека концептот на компанијата бил навредлив за луѓето и се сметал за напад врз машкоста. Во 2017 година полека почнува да се менува перцепцијата за мажи кои користат шминка и производи за нега на кожа.
Во 2017 година, исто така, светот дозна дека францускиот претседател Емануел Макрон потрошил 26.000 евра на шминка во првите три месеци од претседателскиот мандат. Во декември месец протекоа информации за бојата на коректорот кој го користи претседателот на САД, Доналд Трамп.
Шминката за мажи е многу ограничена и се сведува на производи кои се користат за да се покријат недостатоците на машката кожа. Користењето на производи за нега на кожа и шминка наменета за мажи во Јужна Кореја веќе не е табу тема, туку секојдневие.
Се повеќе мажи стануваат свесни дека одредени работи можат да се корегираат со користење на малку коректор и тоа да не му штети на никого, туку напротив дури и да помогне.
На пример многу мажи со BDD (Дисморфофобија) користат шминка и тоа им помага да се справат со нивното нарушување. Според истражувањата мажите со ова нарушување се свесни дека шминката не е ниту лек за нивното нарушување ниту серум за самодоверба, но им помага во справувањето со тоа. Шминката им помага и на адолесцентите да ги надминат проблемите со кожата.
Во октомври месец 2018 година компанијта Chanel, ја лансираше линијата наменета за мажи Boy De Chanel, а за тоа од компанијата изјавија дека мажите треба слободно да користат производи за шминка за да го поправат или подобрат својот изглед, без да ја доведат во прашање нивната машкост.
Значењето на шминкањето и негувањето на мажите е доста распространето бидејќи јавните личности од миленијската генерација отворено зборуваат за нивната употреба на шминка и режими за нега на кожа.
Од компаниите кои произведуваат машка шминка велат дека во основа нивните редовни клиенти се луѓе на возраст од 19 до 30 години. Тоа се луѓе кои генерално се поактивни на социјалните медиуми и многу внимаваат на начинот на облекување, изгледот и сакаат да се чувствуваат убаво. Меѓутоа имаат и клиенти кои се постари.
Најпопуларни производи се кремот ББ и коректорот кои ги решаваат проблемите како што се темни кругови под очите, дамки и лузни од акни. Но сепак признаваат дека и покрај се мажите кои користат шминка сакаат дискретни производи.
Можеме да заклучиме дека за да стане нормално користењето на шминка од страна на машкиот пол ќе мора да почекаме уште некое време. Па допрва стана нормално користењето на производи за нега на кожата.