За разлика од летните денови кога парфемите се јаки и интензивни што понекогаш дури и ни пречат, нивното дејство слабее во зимските месеци. Ако помисливте дека тоа е одраз на разликата во температурата, не сте далеку од вистината, но улога играат и други фактори.
Мирисните честички побргу се шират во воздухот во текот на летото и топлите температури, додека во зима, студените температури го спречуваат или забавуваат нивното ширење. Но, освен температурата, тука игра улога и влагата. Студениот зимски воздух ја суши кожата, што доведува до помала влажност и послаб мирис на парфемите.
Се прашувате како да го спречите ова? Најважно е да го нанесувате парфемот на топлите телови од телото. Најдобро место се градите, бидејќи тие имаат највисока температура, а топлината на вашето торзо ќе дозволи парфемот да испари и врз кошулата, па ќе мирисате занесно. Ако сакате парфемот да го нанесувате на вратот и рацете, тогаш препорачливо е да нанесете претходно хидратантен крем, како би ја задржале влажноста на кожата што е можно подолго.