Простата е жлезда со големина на орев која се наоѓа помеѓу бешиката и ректумот. Ја нарекуваат и машката Г-точка, бидејќи нејзината стимулација предизвикува големо задоволство. Зошто е важно да ја третирате со внимание?

Простата е мистериозен и несфатен орган. Има големина на орев и е сместена помеѓу бешиката и ректумот. Нејзината задача е да произведува течност која се исфрла преку ејакулација. Освен тоа, многу често, особено во поизминатата возраст, знае да ги искомплицира работите и да предизвика канцерогено заболување. И додека за мажите е вистински кошмар прегледот на простата, експертите велат дека како извор на задоволсто, неопходно е внимателно да се грижиме за неа. 

простата

Продажбата на масажери за простата е зголемена за 56% што укажува на тоа дека мажите сакаат слободно и конечно целосно да уживаат во задоволството. Ако задоволството не ви е доволна причина да почнете со масажа, експертите велат дека треба да помислите на здравјето.

  • Масажата на простата може да помогне при третирање на еректилна дисфункција

    Целта е со масажата да се подобри циркулацијата која е клучна за добра ерекција. 

  • Масажата на простата може да го подобри уринирањето

    Млазот урина кај здравиот човек треба да е јак и непречен. Мажот со отечена простата може да има тешкотии со мокрењето. Намалувањето на воспалението може да се постигне преку масажа. 

  • Може да го отстрани болното ејакулирање

    Станува збор за ретка состојба, но се случува да се појави болка при ејакулација. Може да е предизвикана од воспаление на некои канали, простата, бешиката. Масажата го намалува воспалението. простата

  • Може да помогне при третирање на простатитис

    Станува збор за воспаление како резултат на бактериска инфекција. Ова е неопходно да се третира со антибиотици, но масажата може само да го забрза процесот на заздравување.

  • Може да ги отстрани симптомите на зголемена простата

    Станува збор за многу чест проблем кај мажите над 50 години. Симптомите се болно, невозможно или често уринирање. Мало истражување од 2006 година укажува на големи придобивки од масажата во комбинација со лекарства. 

  • Чувството е фантастично

    Има илјадници нервни завршетоци, а според едно истражување, некои мажи изјавиле дека доживувале оргазам само од стимулација на простата. Австралиско истражување пак вели дека мажите кои имаат 5 оргазми во неделата, имаат 34% помал ризик од рак, за разлика од оние кои имаат само еден оргазам седмично.