Човек кој секој добро облечен маж го познава, а исто така и жените. Повеќе од 20 години е менаџер на бутикот Bitsiani т.е. од самото негово отворање. Жорж е оној кој редовно со насмевка и со доза на сериозност ве пречекува и ве тера да се чувствувате како да не сте во Скопје меѓу балканскиот менталитет.

ЖоржМаксимално посветен на она што го работи, знае да прецени на кого што му треба и точно да ви ја состави соодветната комбинација на модни парчиња кои вам најдобро би ви прилегале, и така насмеани да ве испрати и да ви посака повторно видување.

Нема маж во Македонија кој се нема уверено во неговите квалитети како познавач на машката мода, од обични граѓани до селебрити личности, бизнисмени и политичари. Голем круг на задоволни клиенти кои имаат потполна доверба во Жорж.

Како познавач на трендовите во модата тој е присутен на сите поголеми модни случувања ширум цела Европа редовно посетувајки ги големите модни саеми и модни недели во големите центри на модата како Милано – Италија, Холандија, Франција, Грција, Шпанија и други.

Ако не сте знаеле, Жорж поседува огромен сенс за уметност и естетика, секако до некаде тој негов порив за ететика се има канализирано во она што го работи. Започнува како медицинар, па се запишува на природно математичкиот факултет, но на крај дипломира на филозовскиот факултет.

И не е толку поразувачко за него што не станал некој дизајнер или уметник, бидејки добро кореспондира работата со неговото образование. Сепак тешка е работата со луѓе. А тој тоа најдобро го умее да го прави, да работи со секаков тип на луѓе и сите да се задоволни и среќни.

 

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.