Компанијата Swiss Smile ја претстави својата најнова паста за заби која чини 119 долари. Трикот е во фактот што пастата е изработена од злато. 

Ако сте од оние кои сериозно си ја сфаќаат хигиената на забите, ни останува само да ве прашаме дали би потроши толку многу пари за паста за миење на заби?

За разлика од вообичаените производители на пасти, Swiss Smile нуди паста за заби обогатена со вистинско злато и четка за заби со златно пакување.

Златната паста доаѓа од 23,75 каратното злато во облик на златен прав. Содржи и физиолошки протеин кој ги штити забите од деминерализација. 

Со пастата е и позлатената ултра мека четка со 9 пати повеќе влакненца за четкање. 

Пастата има регенеративно дејство и се бори против уништување на забите и заболувања на непцата.