Рускиот бренд Caviar познат по раскошните преобразби на ајфоните, објави една од своите најатрактивни креации до сега. Како што кажува самото име, iPhone 11 Pro Discovery Solarius, содржи дизајн кој треба да го „симболизира вечниот живот кој Сонцето ѝ го должи на нашата планета“.
Преобразениот ајфон е создаден од половина килограм злато, 137 дијаманти и луксузен механички часовник од задната страна, кој поседува прекрасен турбион. Во внатрешноста на часовникот се наоѓа специјален жолт дијамант (сончев камен), кој го прикажува центарот на Сончевиот систем.
Според официјалната веб-страница на Caviar, цената почнува од 70.340 долари за верзија од 64 GB и се движи сè до 71.520 долари за iPhone 11 Pro Max со 512 GB. Останатите технички карактеристики остануваат исти како и кај стандардниот модел на iPhone 11, така што купувајќи го овој телефон всушност добивате само луксузно куќиште со неверојатна цена. Исто така, оние кои ќе се одлучат да го купат овој телефон, ќе мора особено да водат сметка за него, зашто заштитни маски за него не постојат.
Исто така, Caviar неодамна објави ексклузивни изданија на iPhone 11, во кои им се оддава почест на некои од најомилените славни луѓе, меѓу кои Стив Џобс и Мухамед Али, така што од овој бренд може да се очекуваат уште вакви луксузни изданија кои ќе воодушеват.