Сте се запрашале ли некогаш зошто сите влијателни мажи во историјата имале свои „машки соби“ во домовите или популарно наречени man cave? Токму тоа место кое им припаѓа само ним им овозможило простор да бидат сами со своите мисли, каде ќе читаат, работат или едноствано ќе уживаат во чаша пијалак со своите пријатели. Гаража, соба или посебно катче – сите имаат нешто заедничко, мажественост. Тоа е едноставно машко место кое им припаѓало само ним. Трендот го копираат и денешните холивудски фраери, па доколку фрлите поглед на луксузните вили на Том Круз, Џорџ Клуни, Снуп Дог и Бред Пит ќе најдете токму вакво катче. Освен кај Дејвид Бекам, замислете неговото катче вели дека е кујната! Следниве машки соби во своите ѕидови кријат идеи кои го промениле светот, напишале нобелови книги и ги направиле мажите вистински мажи. Инспирирајте се и испланирајте го вашето машко катче.

Собата за пишување на Ернест Хемингвеј

Собата каде големиот Ернест ја напишал „За кого бијат камбаните,“ се наоѓа во куќата во Флорида, каде Ернест живеел повеќе од 10 години. Поттикнат од потребата да има место каде на раат ќе испие чаша шкотско виски, ќе испуши пура и ќе пишува за вистинските мажи, Хемингвеј ја претвара старата колиба на имотот во негово лично место за пишување. Опремена е со маса за изработка на пури и неговата Royal машина за пишување, додека низ целата соба има сувенири кои ги собирал низ авантурите во Африка и Куба.

машки соби

Собата со трофеи на Теодор Рузвелт

Откако му пропаѓа сточарскиот бизнис на Рузвелт во Дакота, тој се враќа на исток во Њујорк. Токму тука во семејниот имот кој го нарекува Sagamore Hill тој живее се до својата смрт (освен во периодот на својот мандат во Белата куќа). Во оваа куќа Рузвелт се релаксирал, лутал низ шумата и го ревијализирал својот машки дух. А круна на оваа во главно машка куќа била собата со трофеи каде ги чувал своите колекции од дивиот лов во Африка и Западна Америка. Собата имала висок плафон и била исполнета со богата, тема филипинска камагонска изработка од дрво. Совршено место каде претседателот читал или ги угостувал аристократите.

Работната соба на Томас Џеферсон

Авторот на Декларацијата за независност на САД, несомено бил и маестрален архитет. Џеферсон сам го дизајнира својот прекрасен имот во Монтичело. Омилената просторија во оваа куќа била неговата работна соба, каде читал, пишувал и веројатно ги размислувал идеите за слобода и демокраија, уживајќи во потполна осаменост, поради што ова е една од најпознатите машки соби. Тој насекаде имал бисти од историски личности кои служеле како негови музи. Еден од уникатните делови на оваа соба е поврзаноста на истата со спалната. Тој го поставува својот кревет во дупка во ѕидот помеѓу спалната и работната соба, на тој начин Џеферсон можел да почне со работа веднаш штом стане од кревет, а секако и да одмори помеѓу работата.

Библиотеката на Томас Едисон

Фабриката за наука и технологија на Томас Едисон во Њу Џерси, се смета за еден од најголемите придонеси во човештвото. Оваа серија на згради од тула се смета за прва лабараторија за индустриски истражувања и развој и истата денес е модел за модерните лабаратории за приватните и владините лабаратории за истражување и развој. Токму во овој комплекс згради се наоѓала библиотеката на Едисон, во чиј фокус била високата маса каде ги дизајнирал фонографот и кинескоскопот. Тој во оваа библиотека работел повеќе некогаш и по 24 часа без престан, многу често знаел да постави монтажно креветче каде ќе одмори и продолжи со работа.

машки соби

Атељето на Винстон Черчил

Покрај тоа што бил првокласен државник, Черчил бил и талентиран уметник. Тој уживал во сликањето, а уметноста ја сакал толку многу што изградил свое атеље во градината на имотот. Секогаш кога ќе почувствувал дека го обзема депресија, тој се повлекувал во своето студио и се лекувал со помош на четката и платното.

Билијард собата на Марк Твен

Марк Твен имал две машки соби, едната за пишување, а другата за забава. Токму оваа вторава, се простирала на целиот горен кат на неговоата трикатна куќа во Хартфорд, каде живеел во периодот од 1871 до 1891. Оваа просторија била непристапна за неговата жена и деца, а истата била резервирана само за неговите пријатели – билијард, пури и машки муабети.

машки соби

Светилиштето на Џорџ Клуни

Ако нешто може да се каже дека е „man cave, и тоа напишано со големи букви, дефинитивно е ергенската куќа на Џорџ Клуни (без подоцна додадената рака на Амал). Оваа куќа изгледа како една пирамида од мажествена колекција поврзана со темно дрво и кожа. Врамен избор на вратоврски кои некогаш припаѓале на Џон Кенеди, шанк обвиен со најдобриот можен алкохол и секако лисицата која Вес Андерсон ја користел за Fantastic Mr. Fox и секако ѕид со колаж фотографии од Рат Пак.

Машката куќа на Бред Пит

Замислете пространа куќа во Малибу, исполнета со секакви играчки – од винтиџ џубокс, до домашна теретана, па се до мотори и бочви со пиво. Потоа, простор полн со огромни лед телевизори, тркала од Harley – Davidson Bad Boy мотори, сепцијален „kegerator фрижидер дизајниран за ладење бочви со пиво, неверојтна колекција на рок ен рол плочи и неверојатно архитектонско решение.

Пиратската куќа на Џони Деп

Куќата со 12 спални во малечкото француско селце Провенсал, беше ставена на продажба кон крајот на 2016 та, за цена од само 63 милиони долари. Еклектичниот мебел во винската пештера потсетува на филмскиот сет од Пиратите од Карибите, а белиот песок ги опкружува двата базени на имотот, потоа мал шарманетн сопствен ресторан, гостинска соба лоцирана во поранешната црква опремена со пијано и првобитна соба за исповед, рустични камени ѕидови и ентереиер опремен со соодветни елементи кои соодветствуваат на стилот.