Во ова ладно време ни треба некое зимско смути кое ќе не згрее, но најмногу од се ќе не заштити од вирусите кои се присутни. Цитронот може не е на листата на омилени овошја, но треба да знаете дека е познат по тоа што во минатото се користел за лечење на белодробни проблеми, цревни заболувања, скорбут, а според списите на Теофраст (антички книжевник и филозоф) цитронот се сметал за ефикасен противотров. Портокалот како овошје кое го има во оваа сезона е добар за подобрување на имунитетот. А Ѓумбирот е тој што најмногу ќе не згрее со неговиот луткав вкус и пријатен мирис. Остатокот од листата ни е многу добро познат.

Потребно е:
1 цитрон
1 портокал
2 см гумбир
1 јаболко
½ замрзната банана

Ставете се во блендер и за 1-2 минути имате смути полно со витамини. Наздравје!