Шпанските медиуми интензивно пишуваат, дека славниот Жозе Мурињо ќе ја преземе Валенсија. Досегашниот тренер Марселино би можел да го напушти шпанскиот клуб по исходот со клупската хиерархија.
Валенсија не губи време да најде замена и веруваат дека најдобра замена би бил португалецот Мурињо. По Манчестер Јунајтед, Мурињо е без работа веќе осум месеци и ја чека вистинската можност. Мурињо за Sky Sports изјави:
„Ми недостасува фудбал, имам оган, имам компромис со себе, со луѓе кои ме сакаат, со толку многу навивачи што ги имам ширум светот, толку многу луѓе што ги инспирирам. Морам да бидам трпелив и да го чекам вистинскиот момент а тоа е оној момент што е со иста големина и на исто ниво како и јас што сум менаџер“.