Шпанските медиуми ја потврдија веста за трансфер на Жоао Феликс во Atlético Madrid и тоа за сума од 120.000.000 евра. Сепак ова не му ја обезбеди позицијата НАЈПЛАТЕН ТИНЕЈЏЕР.

Иако Benfica му понуди плата и подобри услови, сепак Португалецот ја прифати понудата на Atlético Madrid. Талентот на Жоао е неверојатен. Минатата сезона фудбалерот играше на 43 утакмици, постигна 20 голови, 11 асистенции и стана репрезентативец на Португалија.