Уште на почетокот важно е да се истакне дека честопати жените лажат со најчисти намери. И наместо да се обидеме да ги смениме, најдобро е ние мажите едноставно да научиме да ги препознаеме нивните намери и нивната логика и како сето тоа да се изведе мазно.
Имајќи го тоа на ум, претставуваме седум ситуации, кои бараат вешто користење на тн. бели лаги од страна на мажите. Зашто женското барање машко мислење е најчесто – стапица. А шест стапици, можат да се претворат во минско поле за машко-женските односи
Прва ситуација
Жената вели: „Дај ми твое сосема искрено мислење …”
Она што навистина значи: “Кажи ми што сакам да го слушнам“.
Што да направам околу тоа: Точно, пеколно е збунувачки. Дамата вели: “сериозно” и “навистина ја сакам вистината”, но шансите дека навистина ја сака вистината е исто толку веројатна колку што сакаш таа да ти каже дека „..во ред, големината навистина не е важна“. Има дури и такви ситуации кога жените мислат дека се подготвени за искреност, но дури и тогаш – играње на картата на машката искреност е само стапица.
Тие навистина очекуваат да не погрешите и само да кажете: „ти си позгодна од таа девојка“, „овој фустан воопшто не ти го прави задникот голем“ или „мајка ти воопшто не е арогантна“.. Ако добро ја одиграте играта со „искреното мислење“, секако ќе бидете – злато од човек.
Втора ситуација
Жената вели: „Јас сум во ред. Навистина. “
Она што навистина значи: “Не знам како сум, но секако не сум – во ред.”
Што да направите во врска со тоа: без разлика колку и да изгледа дека сака да ја оставите сама со таа едноставна изјава, не правете го тоа. Најлошото нешто што можете да направите во оваа ситуација е да кажете: „Добро, добро” и да го прекинете разговорот.
Наместо тоа, обидете се да покажете некоја сериозна загриженост, додека таа не биде подготвена да го искаже она што не е во ред. Сето тоа е игра, за да ви даде шанса да направите да се чувствува дека нејзината среќа е ваш приоритет.
Сакате некои дополнителни поени? Фрлете ја коцката на изјавата дека не одите никаде, додека не бидете сигурен дека сè е во ред. И користете множина и идно време: Ние, ќе…
Трета ситуација
Признание: „Спиев со X-( број) момци”
Она што навистина значи: „Спиев со само неколку повеќе од X бројот на момци”
Што да направите во врска со тоа: Сетете се дека “правилото за бројот три” го направи успешен филмот „Американска пита“. Според тоа правило, момците спиеле со три жени помалку отколку што велат, и обратно.
Добро, „магичниот број“ не мора секогаш да биде три, но идејата е заснована на вистината. Причината поради која жените изоставуваат неколку авантури од својата љубовна историја е затоа што понекогаш се уплашени дека ќе ги гледаме како „лесни”.
Ја сакате вистината? Жените сакаат да се чувствуваат сигурни дека вашето мислење за нив не лежи во нивната сексуална историја. И дека без разлика со колку момци биле во минатото, тие се сè уште чисти во вашите очи.
Едноставно потврдувајќи ги овие работи (и конзистентни акти на витештво-цвеќиња, романтични датуми, време со вашите семејства и пријатели за да го покажете вашиот интерес надвор од сексот), жените ќе бидат поподготвени да бидат искрени за своето минато.
Четврта ситуација
Жената вели: „Да, тоа беше одлично. Јас целосно ’откачив’. “
Она што навистина значи: “Тоа беше добро, но јас не с…. и веројатно нема. Сега сум уморна и сакам да спијам. “
Што да направите за тоа: Не земајте го лично (добро, освен ако ова не е редовна појава – тогаш можеби ќе сакате да пробате некои нови стратегии во кревет).
Понекогаш, тоа едноставно не се случува – и тоа не значи дека сексот не е добар. Не инсистирајте на детално појаснување што точно било „одлично“. Едноставно прифатете ја нејзината оценка за денот и продолжете понатаму.
Петта ситуција
Жената вели: „Секако, излези си со другарите!”
Она што ние навистина значи: “Повеќе би сакала да останеш да се дружиш со мене.“
Што да направите за тоа: Не е дека таа не сака да имате свои пријатели или свој сопствен живот. Таа само сака тоа да се вклопи удобно во нејзиниот сопствен живот.
Тоа во превод значи: те молам да се обидеме да ги планираме и усогласиме ноќите кога ти излегуваш со твоите другари, со ноќите кога сум договорена со другарките. И биди подготвен дека ќе ти се јавам или ќе ти испратам порака за да се запознаеш со моите другарки…
Шеста ситуација
Жената вели: „Никогаш не сум изневерила никого”
Она што навистина се подразбира: „Можеби и сум изневерила некого пред тебе, но се плашам дека ако ти кажам, нема повеќе да мислиш дека сум слатка и дека вредам за сериозна врска”.
Што да се прави: Да се соочиме со фактите – низ времето, жените беа исплашени од идејата за момци кои само сакаат да ги одведат во кревет. Момците за „сериозни врски“ се малку и далеку некаде, па кога ќе се наиде на таков не треба да се ризикува премногу…
Можно е, ако искрено ги уверите дека тоа нема да влијае врз вашите сегашни односи, таа ви ја каже вистината – но не сметајте на тоа. Стравот од губење на нешто што може да биде голема љубов, е нешто што една жена ја прави многу внимателна.