Постои генерално погрешно верување дека горните ешалони на модната индустрија, особено машката мода, се доминирани од страна на жените. Во 2019 година, студијата од професионалната мрежа PricewaterhouseCoopers откри дека само 12,5 проценти од Fortune 1000 модните компании се всушност раководени од жени. Ова е шокантна статистика, особено имајќи предвид дека речиси 80 проценти од луѓето кои работат во текстилната индустрија ширум светот се жени.

Сметаме дека е време да се обрне внимание на оние кои во моментов се главни во машката мода, од Донатела Версаче до Миучија Прада, Велс Бонер, Луис Тротер и Прија Ахлувалија. Ова се женските модни дизајнери кои им помагаат на мажите да се облекуваат подобро.

Близначките Олсен

See the source image

Со напуштањето на телевизискиот свет, во 2006 година Мери-Кејт и Ешли Олсен го лансираа The Row, кој воглавно го опслужува минималистичкиот Апер Ист Сајд во Менхетен со шик и привлечни скапи парчиња. Во 2016 година брендот ја лансираше и својата машка колекција, а во 2018 година воспоставена беше и машката линија.

Мијучија Прада

See the source image

Покрај нејзината улога како креативен директор на Miu Miu, Мијучија Прада е ко-извршен директор и ко-креативен директор на Prada, која е основана од страна на нејзиниот дедо Mario Prada во 1913 година. Откако се приклучи на брендот во 1978 година, Прада ја лансираше својата прва машка линија во 1995 година која се одликува со експертски крој, впечатливи графики, висококвалитетни материјали и совршено аголни обувки.

Сара Бартон

See the source image

По смртта на Ли Александер Мекквин во 2010 година, неговата поранешна колешка и долгогодишна пријателка Сара Бартон се зафати со тешката работа да го продолжи наследството на големиот дизајнер. И покрај тоа што Бартон забележа големи успеси, суптилно менувајќи ја естетиката на куќата. Додека останатите дизајнерски куќи станаа спортски, сезонската McQueen машка облека на Бартон е нешто што зазема главна точка во светот на машката мода. За тоа сведочат големиот број признанија како Walpole Award за британски луксузен дизајнерски талент, Designer of the Year наградата на британските модни награди и CFDA Меѓународната награда.

Донатела Версаче

Донатела Версаче имаше позиција на уметнички директор и потпретседател на Versace од 1997 година, по смртта на нејзиниот брат Џани. Претставувајќи аксесоари и домашни украси во брендот, таа продолжи да импресионира и со нејзината машка понуда. Во 2018 година Versace ја доби наградата GQ Designer of the Year за нејзината „енергетска, младешка и посакувана“ колекција.

Аурора Џејмс

See the source image

Дизајнерот на обувки Аурора Џејмс можеби не е самостојно име се уште, но преку нејзиниот бренд, Brother Vellies, таа е поддржана од Кање Вест, кој ја поддржуваше за време на Модната недела во Њујорк во 2015 година, како и од Бијонсе која постојано ги носи нејзините потпетици. Нејзината машка понуда, направена од тексас сандали и кожни Дерби чевли се создадени користејќи чевларски техники од Јужна Африка.

Бјанка Саундерс

See the source image

28-годишната Бјанка Саундерс можеби е тазе дипломирана на Кралскиот Колеџ за уметност во 2017, но таа е една од највозбудливите дизајнери на машка облека во Велика Британија. Нејзините сезонски колекции ги кршат границите, со полово неутрални естетики, необични маички и секси свилени кошули се дел од нејзините највпечатливи дела.

Прија Ахлувалија

See the source image

28-годишната Прија Ахлувалија дипломираше на Вестминистерскиот Универзитет во 2018 година и за кратко период си создаде име како еден од дизајнерите на кои мора да се внимава. Со шест сезонски колекции зад себе, Ахлувалија е најпозната по својата облека која е фокусирана на спортскиот стајлинг кој се осврнува на работите кои се однесуваат на црната заедница. Нејзината пролет/лето 2021 колекција, наречена Liberation, одговори на Black Lives Matter движењето. Покрај ова, Ахлувалија е една од најсвесните дизајнери кога станува збор за околината.

Луис Тротер

See the source image

Британската дизајнерка Луис Тротер ја презеде улогата на креативен директор во Lacoste кон крајот на 2018 година по заминувањето од Joseph по цели девет години. Да се каже дека го трансформираше брендот е премалку. Под Тротер, познатата француска марка започна да испорачува возбудлива и одлична машка облека вредна за париските модни писти.

Лу Далтон

See the source image

Лу Далтон ја започна својата марка во 2008 година и оттогаш лансира машка облека која едноставно функционира. Нејзините колекции станаа едно од обележјата на Модната недела во Лондон и доведе до партнерства со Гренсон, Џегер и специјалистот за плетена облека Џон Смедли. Колекциите на Далтон се безвременски, потпирајќи се на традицијата на британското мајсторство.

Вероник Нишанијан

See the source image

Вероник Нишанијан е уметнички директор на машкиот оддел во Hermès каде работеше 32 години. Нејзината колекција на дискретни, но сепак функционални облеки за мажите кои имаат вкус се одликува со ласерски кроени кожни аксесоари, кроени блузони и кашмирска плетка.

Мартине Роуз

See the source image

Мартине Роуз ја започна својата марка во 2007 година, со јасно влијание од нејзиното јамајканско потекло и урбаниот живот на јужен Лондон. Меѓу главните карактеристики на нејзината колекција се инспирацијата од 90-тите години, заедно со широките фармерки со висок струк и коцкестите блејзери.

Реи Кавакубо

See the source image

Реи Кавакубо официјално ја оформи Comme Des Garçons во 1973 година, откако веќе дизајнираше облеки со CDG ознаки од 1969. Позната по нејзиниет авангардни дизајни, дизајнерката од Токио беше на фронтот на „анти-модното“ движење кон крајот на 20-тиот век.

Јун Ан

See the source image

Корејско-американската модна дизајнерка Јун Ан е најпозната по формирањето на марката Ambush, како и по тоа што има позиција како директор за накит во Dior Men’s. Кање Вест, Фарел Влијамс и Ријана се дел од нејзините фанови, кои редовно ги носат нејзините накити.

Грејс Велс Бонер

See the source image

Родена во јужен Лондон, со британско-јамајканско потекло, дизајнерката Грејс Велс Бонер е едно од најталентираните имиња кои пристигнуваат од главниот град на Британија во последните години. За есен/зима 2021 колекција Велс Бонер инспирацијата ја побара во историјата на црните студенти на Универзитетот во Оксфорд. Велс Бонер исто така често соработува и со Adidas.

Вивиен Вествуд

See the source image

Вивиен Вествуд е една од најпознатите дизајнерки од Велика Британија. Прославена и поради својата провокативна и гласна природа, како и поради своите панк дизајни. Вествуд се најде во центарот на вниманието правејќи облека за Sex, нејзиниот бутик на King’s Road, кој го поседува заедно со Малколм Мекларен, пред да ја претставени нејзината прва колекција Pirates во 1981 година.

Изабел Марант

See the source image

Париската дизајнерка Изабел Марант го започна својот бренд во 1994 година, но дури во 2018 ја лансираше својата прва машка линија. Вредеше да се чека цели 24 години, бидејќи нејзините машки колекции го задржаа боемскиот вајб по кој стана позната, со дополнителен кул изглед.

Емили Адамс Боде

See the source image

Емили Адамс Боде е во мисија да го промени начинот на кој се создава облеката. Њујоршката дизајнерка произведува уникатни рачно изработени облеки, кои се кроени од старински материјали, Викторијански килтови и лен.

Читосе Абе

See the source image

Читосе Абе е жената зад Sacai, токискиот бренд кој е редовен соработник на Nike. Абе го оформи Sacai во 1999 година, работејќи притоа во Comme Des Garçons, а се уште поседува 100 проценти од својатамарка, која е позната по „оверсајзд“, полово-флуидните џемпери, јакни и дуксери, како хибридизираните текстили.

Бетани Вилијамс

See the source image

Клучен играч на лондонската машка модна сцена, Бетани Вилијамс дипломираше на Лондонскиот колеч за мода во 2015 година притоа оформувајќи ја својата марка. Таа користи отпад и рециклирани материјали за да создаде нови и целосно одржливи парчиња.

Габриела Херст

Gabriela Hearst

Габриела Херст започна да прави облека за мажи во 2019 година, но дизајнерката, која ја освои CFDA наградата за женска облека во 2020 година веќе создава бранови со својата еко-френдли совест. Нејзините едноставни, но сепак посакувани колекции се направени од секојдневни парчиња како дуксери и широки панталони, кои пак се изработени од најнови материјали како што е пренаменетиот кашмир.