Една од најчестите сексуални фантазии на жените е онаа за грубиот секс. Науката објаснува зошто

Истражувањето е наменето за целите на создавање на книгата Tell Me What You Want. Во истражувањето учествувале повеќе од 4.000 испитаници, а меѓу првите три фантазии се пласирал и грубиот секс. Дури и според порнографските сајтови како Pornhub, од година во година, грубиот секс е една од најпребаруваните категории. Ова го остава отворено прашањето:

Зошто грубиот секс е толку возбудлив за толкав број луѓе, особено за жените? 

Едно недамнешно истражување се обидува да даде некаков одговор на ставот кон грубиот секс. Од 734 студенти на универзитет во Њујорк кои учествувале во истражувањето, 77% се изјасниле како жени и 92% како хетеросексуалци. 51% од примерокот се изјасните дека веќе пробале груб секс кој најчесто вклучувал гребење, удирање, туркање, кинење гардероба, заврзување и слично. Овде секако станува збор за согласен секс од двете страни. 

Едно од прашањата на истражувањето е и споредбата меѓу обичниот и грубиот секс, а и машките и женските испитаници одговориле дека оргазмите кај грубиот секс се почести и поинтензивни. 

Меѓу најчестите причини зошто луѓето се одлучуваат за груб секс во спалната соба се вбројуваат потребата од нешто ново и фантазијата. Алкохолот исто така е тригер за груб секс бидејќи ги намалува инхибициите и сетилата. Ова би значело испробување нешто што досега не би го пробувале трезни. Како последна причина е наведена психолошката состојба на зголемена возбуденост после кавга, но секако мора да е согласно и за двете страни.