Паралелно со филмската кариера, во која остварува жанровски различни улоги, Хали Бери постојано ја сместуваат високо на некакви листи за најубави, најсекси, најфит… жени на светот и тоа речиси во сите нејзини возрасни фази, откако сериозно е навлезена во филмскиот свет. И во шестата деценија од животот, Хали Бери и на филмот, и низ животот чекори како жена-мачка.

Нејзината појава и постоење е се уште „инцидент“ и куриозитет во филмската индустрија, пред сè на онаа најмноќната – холивудската. Хали Бери, на нејзина 54-годишна возраст, се уште е првата и единствена жена, декларирана како Афроамериканка, која освоилa Оскар за главна женска улога. Оскарот го освои во 2002 година за улогата во филмот „Бал на монструми“ (Monster’s Ball).

Паралелно со филмската кариера, во која остварува жанровски различни улоги, Хали Бери постојано ја сместуваат високо на некакви листи за најубави, најсекси, најфит… жени на светот и тоа речиси во сите нејзини возрасни фази, откако сериозно е навлезена во филмскиот свет.

Родена Марија Хали Бери на 14 август 1966 во Кливленд (САД), како дете од татко Афроамериканец и бела мајка по потекло од Ливерпул(Англија), Бери вели дека нејзиното бирасно потекло било „болно и збунувачко“ кога била млада, но рано донела одлука да се идентификува како црнка, затоа што знаела дека така била перцепирана од околината.

Пред да почне да се занимава со глума била на различни натпревари за убавина, била прва на изборот за Мис Охајо, прва на Miss Teen All-American, втора на Мис САД и шеста на Мис на светот во 1986 година.

Во доцните осумдесетти години на минатиот век заминува во Чикаго за да се занимава со глума и мода. Една од нејзините први улоги била во ТВ серијата Chicago Force. Подоцна игра во уште неколку ТВ серии, а потоа добива улоги и во филмови.

Нејзините први филмови биле: Треска во џунглата (Jungle Fever, 1991), Стого деловно (Strictly Business, 1991), Последното момче-извидник (The Last Boy Scout, 1991) и Бумеранг (Boomerang), каде глумела со Еди Марфи. Потоа почнува да игра во сè попознати филмови како што се: Извршна одлука (Executive Decision), во трилогијата за Икс-мен (X-Men, X2: X-Men United, X-Men: The Last Stand), во филмот од франшизата за Џемс Бонд – Умри друг ден, Готика, Жена-мачка, Бал на монструми.
Бери беше една од најплатените актерки во Холивуд во текот на 2000-тите, и беше вклучена во продукција на неколку од филмовите во кои настапи. Паралелно со актерството, таа беше заштитно лице и на козметиката „Ревлон“.

Колку и да минува времето, се чини дека доминантната претстава за Хали Бери кај филмската публика е онаа во костимот од филмот Жена-мачка, речиси подеднакво како и онаа сцена во филмот од џемсбондовската франшиза „Умри друг ден“, каде таа излегува од морето во портокалово бикини со нож на бел ремен околу половината.

Хали Бери

Сцената на плажата која ја имаше Хали Бери во улога на Џинкс Џонсон беше совршена копија од првиот филм на Бонд која што тогаш ја глумеше Швајцарката Урсула Андерс. По примерот на тогашната актерка која го глумеше ликот Хани Рајдер во хитот од 1962 година, Хали излегува од вода во бикини во комбинација со бел појас. Овој костим за капење влезе во легендите и ден денеска се смета за еден од најзапамтените бикини во историјата на филмската уметност.

Позитивните критики и реакциии на сцената ја изненадиле Хали Бери, која што призна дека снимањето на шпанскиот брег не и останало по убаво сеќавање. Имено, режисерот на филмот Ли Тамахори не бил задоволен од нејзината глума додека излегувала од морето, па ја терал ја повтори уште еднаш и да биде по сексипилна.

– Морето беше ладно. Морав во водата да влезам и излезам многу пати и да прошетам по плажата на некој „одреден начин“. Целата продукција ги слушна реакциите за тоа да бидам по сексипилна. Јас велев дека ова што го правам е најсексапилно што можам. Му реков дека ќе морам да одам на замена на колкот доколку се движам посексипилно – рекла актерката во едно интервју.

Хали БериИако кариерата секогаш и одела одлично, Бери во приватниот живот немала толку среќа. Во нејзините 20-ти години останала без 80 отсто од слухот на едното уво, откако едно од поранешните момчиња ја удрило во главата. Никогаш не открила за кого станува збор. Таа признава дека во приватниот живот има многу стравови и негативни мисли.

– Мојата цел е да престанам да размислувам за тоа дека не сакам да бидам повредена и не сакам да ме изневеруваат и наместо тоа размислувам дека ми треба некој искрен. Колку повеќе старееш, сфаќаш дека имаш право да се чувствуваш подобро – признала Хали Бери.

Од 1993 до 1997 година, Хали била во брак со Дејвид Џастис, од 2001 до 2005 со Ерик Бенет, а од 2013 до 2016 со Оливие Мартинез. Со Мартинез го има шестгодишниот син Мејс, со манекенот Габриел Обри ја има 12-годишната ќерка Нала. Во последните години се посветила исклучиви на децата, а уште во април, годинава рекла дека соло-статусот сè повеќе и се допаѓа. Сепак, есенва, во септември, таа на Инстаграм призна дека по три пропаднати брака сега е во врска со музичарот Ван Хант, кој е добитник на музичката награда Emi.

И на 54-годишна возраст, Хали Бери нема никакви коплекси во однос на своето тело и објавува сензуални топлес фотографии на социјалните мрежи. Во текот на овогодишните светски карантини за време на пандемијата, убавата актерка сепак не била мрзелива, туку вредно вежбала и на социјалните мрежи објавува снимки од своите тренинзи. Истовремено се подготвувала и за излегување на нејзиното режисерко првенче, филмот Bruised. И во шестата деценија од животот, Хали Бери и на филмот, и низ животот чекори како жена-мачка.