Францускиот архитект Жан Нувел ќе создаде подземно одморалиште и хотел, на карпите на Ал-Ула во северо-западна Саудиска Арабија, позната археолошка локација, светско наследство на УНЕСКО кое треба да биде завршено до 2024 година. Целиот комплекс ќе има 40 апартмани за гости и три вили, со цамит центар кој ќе има 14 приватни павилјони.

Проектот кој е насловен „Sharaan by Jean Nouvel“ ќе се обиде да го зачува уникатниот пејзаж на регионот и неговото античко наследство. Според архитектот Ал-Ула е богатство од витално значење кое заслужува најголемо внимание, зачувување на целата нејзина посебност и нејзината привлечност.

Инспириран од Набатејците, Жан Нувел ваја пејзаж за изградба на живеалиште кое ги штити патниците од топлината на летото и студот на зимата.

Кралската комисија (RCU), тело основано за зачувување и развој на регионот, вели дека одморалиштето е клучен елемент и стратегија за развој на Ал-Ула како глобална културна дестинација, наследство и еко-туризам.