Стартап компанијата Zephyr со седиште во САД дизајнираше нов концепт на авио- седишта, во комбинација со кревет, кои би им пружале поголем комодитет на патниците од економската класа. Овие седишта наречени Zephyr Seat го редефинира сместувањето во комерцијалните авиони истовремено исполнувајќи ги мерките за социјална дистанца.

Повеќето седишта во авионите не се променети од 1970 година, за кои се знае дека се доста некомфорни, принудувајќи неприродни позиции на телото во текот на долг временски период што може да доведе до оштетување на здравјето ако патувате многу често. За многумина, надградбата до прва класа исто така не е опција поради високите цени и само малку дополнителен простор.

Дизајнот на седиштата им овозможува на патниците мулти-функционалност каде корисниците можат да легнат, седат или да ги испружат нозете целосно. Користејќи иновативна конфугурација на седење, секое седиште може лесно да се монтира без притоа да се загуби густината на седиштата. Неговата едноставна архитектонска платформа овозможува прилагодување за различни авиокомпании.