Zenith Chronomaster Open 55th Anniversary Cohiba часовникот е дело на познатиот производител на часовници во чест на јубилејот на Cohiba, а дизајнот е инспириран од легендарниот брендинг на производителот на пури.

„Најдобрите соработки се оние каде што се споделува страста, а вредностите се овековечени“, вели Жулиен Торнар, извршниот директор на луксузниот швајцарски производител на часовници Zenith во чест на соработката со Cohiba, иконските кубански пури кои нашироко се сметаат за едни од најдобрите во светот и кои славаат 55 години постоење.

Во чест на оваа прилика и партнерството, Zenith лансира специјален часовник наречен Chronomaster Open 55th Anniversary Cohiba хронограф, кој е ограничен на само 55 примероци, кој прекрасно ја прикажува 155-годишната часовничарска експертиза на производителот.

Партнерство кое трае

„Потрагата на совршенството преку прецизноста, автентичноста и традицијата се само некои од работите кои Zenith и Cohiba ги споделуваат. Но, покрај ова, станува збор за партнерство кое зборува за оние кои се во потрага по скапоцени моменти со цел да ја ценат и уживаат работата на мајсторите“, додава Торнар.

Основан во 1865 година, Zenith стана современа хронолошка легенда со креацијата на El Primero во 1969 година, првото високо-фреквентно автоматско хронографско движење кај часовниците – кое е најпознато по тоа што Rolex го користи во своите легендарни Daytona веќе неколку години, покрај тоа што се користи кај делата на Zenith.

Со текот на времето, часовниците и механизмите на Zenith станаа есенцијален дел од опремата на „извонредните фигури кои имаат големи сништа и се стремат кон невозможното“, почнувајќи од Луј Блериот, кој го направи првиот лет преку Ла Манш во 1909, до Пол Њумен, кој беше познат и по тркањето и по актерството, па се до падобранецот и каскадерот Феликс Баумгартнер, кој држи неколку светски рекорди.

Иако има помало наследство, Cohiba е создадена во 1966, брендот ја претставува извонредноста и иновацијата во нивната сфера на делување. На почетокот, надвор од Куба се сметаше како подарок за шефовите на државите и дипломатите кои доаѓаа во посета на островската држава, но до 1982 година Cohiba пурите станаа достапни во ограничени количини на отворените пазари.

Врвен дизајн

Прекрасниот Chronomaster Open 55th Anniversary Cohiba хронографот од нерѓосувачки челик, чија цена изнесува 10.000 долари, „ги презема впечатливите дизајнерски елементи“ на славниот кубански бренд за пури и неговото легендарно шафрон жолт, црно и бело пакување, како и хартиените ленти кои ја обвиткуваат секоја Cohiba пура – од кои пет специјални изданија се претставени со секоја од ограничените едиции на часовникот.

Внатре во 42-милиметарското куќиште на часовникот механиката е подеднакво впечатлива како и естетиката, каде најновото издание на легендарното El Primero високо-френквентното хронографско движење е делумно видливо преку отворот на лицето, со што дополнително се цени „срцето“ на часовникот.

Zenith Cohiba

Неговиот El Primero 4061 Opel автоматскиот калибар чука на фреквенција од 36.000 VpH и овозможува резерва на моќност од барем 50 часа. Исто така, се одликува со запчест прекинувач кој помага во унапредувањето на стабилноста, перформансите и прецизноста, притоа минимизирајќи ги ефектите на магнетизам и тешки температурни флуктуации.

Централната жолта хронографска сказалка за скеунди со ѕвезден завршеток го комплетира изгледот, додека часовникот се одликува со заден дел кој го добива специјалното Cohiba 55 лого испринтано на внатрешната страна на сафирниот кристал. Ова дело е презентирано со црно ремче од алигаторска кожа со заштитно гумено порабување.