Супер едноставен и здрав рецепт за добар почеток на неделата, зелено смути. Во ова време на стрес, недостаток на енергија најчесто поради психички замор, зеленото одмара и дава енергија. Всушност ова зелено смути, како брз и едноставен оброк кој го трансформира вашето тело исто така и ќе ви помогне во зајакнување на имунитетот, хидрирање на организмот и ќе ве наполни со доза витамини и минерали потребни за денот.

Потребно е:
1 зелено јаболко
1 шака спанаќ
½ краставица
1 замрзната банана
1 см ѓумбир
1 чаша вода

Прво измијте ги сите состојки убаво. Јаболкото не го лупете само отстранете ги семките. На спанаќот отстранете му ги дршките и секако се исецкајте и ставете во блендер. За некоја минута ќе добиете освежително здраво кремасто смути.