Нема ништо подобро од тоа денот да ви почне со здрав и богат оброк. Да бидеме искрени, не секогаш имаме време да подготвиме целосен појадок, токму затоа кога сте „на нога,“ а секоја минута ви е избројана, одличен избор е протеинско смуди богато со природни шеќери, витамини и минерали во комбинација со здрави масти и протеини. Несомнено ќе ве држи сити, а воедно ќе ви даде силна доза енергија!
Потребни состојки
250 мл бадемово или кокосово млеко
1 замрзната банана
125 гр замрзнато манго
1-2 грста млад спанаќ
60гр семе од тиква
1 кафена лажичка мелено ленено семе
2 супени лажици семе од коноп
1/2 доза протеин со вкус на ванила растворена во 60 мл вода
Во блендер, ставете ги сите состојки и блендирајте околу 2 минути, додека добиете фина смеса. Од оваа смеса ќе добиете 500 мл смуди, доволно за еден оброк. На здравје!