Од биолошка гледна точка бебињата преферираат овошје поради благиот вкус но јадат зеленчук за да пораснат, децата не го сакаат бидејќи им треба многу енергија, многу повеќе од возрасните па тие инстинктивно бараат храна што може да им обезбеди многу енергија, а знаеме дека зеленчукот не е калорична храна.

А возрасните? Возрасните веќе научиле дека зеленчукот може да биде вкусен, особено ако вашата мајка е волшебник во кујна. Знаеме дека зеленчукот е многу здрав поради протеините, витамините и минералите кои ги има. На пример една чаша леќа има 1/2 од протеините кои се состојат во мала порција бифтек, но само 1/20 натриум.

За да подготвите вкусна салата или оброк од растително потекло, прво треба да купите свеж и здрав зеленчук, по можност органски, добро да го зготвите и на крај да го изедете.

Кога купувате зеленчук најдобро би било да го купите од локалните пазари, или од луѓе кои одгледуваат зеленчук, земјоделците. На пример имајте човек од кој ќе купувате салата секако доколку знаете дека тој ја одгледува и е свежа. Купувајте зеленчук кој можете да го бирате, не зеленчук кој е спакуван во вреќи или пластични садови.

Преферирајте зеленчук кој е карактеристичен за вашето подневје и сезоната. Кога одите да пазарите разговарајте со земјоделците, научете ги нивните имиња, поставувајте прашања. Верувајте дека многу ќе дознаете од тие разговори, ќе развиете специфичен однос со нив па кога ќе дојдете втор пат ќе ве пречекаат со најубавите производи.

Зеленчукот се подготвува на три начини: пареа, пржење или печење. Подготвката на пареа е најнепривлениот начин на подготовка, поради вкусот на зеленчукот по ваквата обработка. Тоа не би требало да биде проблем доколку не ги оставате премногу долго. Исто така и зачинувањето, односно маслото и количината на зачини што ќе ја ставите допринесуваат за вкусот на зеленчукот.

Доколку се одлучите за пржење, прво правило што треба да го знаете е sautee- што во основа значи пржење во мала количина на маснотии. Печењето е техника која се користи најмногу. Најдобар и најлесен начин да се подготви зеленчук. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени целзиусови, додека во меѓувреме исечете зеленчук како на пример карфиол, намачкајте го со маслиново масло, посолете и зачините со бибер и оставете го да се пече 20 минути…

Пред да седнете да јадете, бидете креативни, нахранете го и вашето око. Вака зеленчукот ќе ви биде попривлечен и многууу повкусен. На здравје!