Модниот бренд Zegna ја најави соработката со талентираниот актер Mahersala Ali. Модната кампања имаше за цел да ја претстави новата колекција, но и преку дискусија да го покрене прашањето „Што значи да се биде маж денес?“ На оваа тема дискутираа актерот и креативниот директор на брендот Alessandro Sartori, кои дојдоа до заклучок дека не постои еден точен одговор на ова прашање. 

Sartori ја нагласи моќта на гардеробата да се искористи како средство за искажување на сопствената личност, додека Ali зборуваше за традиционалниот пристап кон мажественоста и фактот дека е потребна голема храброст да се покаже ранливост, сила и чувства кон нешто или некого.

Се’ поголем е бројот на брендови кои се обидуваат да го обликуваат денешниот модерен маж и неговата мажественост.