Alessandro Sartori, креативниот директор на Ermenegildo Zegna, овој пат за машката колекција за сезоната Пролет 2021 го претставува односот на природата, машините и човекот. Целата колекција која ја претставува облеката како лична, произведена во индустриско опкружување, преку дигитално-физичка ревија која се одржа во Милано ја слави 110 годишнината од постоењето на брендот. Темата овој пат е „all-to relevant”. Преобразувајќи ги суровините во облека, опуштените силуети се обликуваат како одраз на времињата, па така свилата, ленот, волната формираат флуидност проткајана низ оваа машка колекција.