Со падот и наглиот пораст на температурите, времето се однесува чудно, а тоа може ужасно да влијае врз вашето здравје. Една едноставна причина: сезоната на грип и настинки чука на голема врата. 

Ако чувстувате дека средбата со овој есенски предвесник ви е неизбежна постојат неколку нешта кои можете да ги преземете:

Побарајте лекарства против вируси.

Антивирусните лекарства може да ви помогнат ако чувствувате симптоми на грип. Функционираат така што ги блокираат ензимите кои помагаат вирусот да нападне нови клетки. Најефикасни се ако ги земете во рок од 48 часа откако сте ги забележале симптомите. Ќе ви заштедат ден-два боледување. Консултирајте се со вашиот општ лекар, особено ако имате дијабетес или срцеви заболувања

Спијте и повеќе од доволно.

Истражувањата покажуваат дека е многу важно да добивате доволно сон. Спиењето му помага на имунолошкиот систем да ја врши оптимално својата функција. Ја подобрува функцијата на белите крвни зрнца кои се борат против инфекции. 

грип

Внимавајте на исхраната и пијалоците.

Без  разлика дали се работи за топла супа, вода или сок, експертите велат дека е потребно да пиете минимум 8 чаши од 250 милилитри во текот на денот кога е грипот во прашање. Обичните настинки со потење и назален секрет значат губење доста течности па важно е да го одржувате организмот хидриран. Течностите исто така спречуваат наталожување на секрет на белите дробови, што може да доведе до пневмонија. Консумирајте храна богата со витамин Ц, како киви и зелени пиперки, богата со антиоксиданси и бетакаротен. Такви се морковите, слаткиот компир, тиква. 

Облечете се топло и останете дома.

Облекувајќи се топло му помагате на телото да ја задржи енергијата која му е потребна за имунолошка борба. Светот нема да се сруши ако земете слободен ден и останете дома 24 часа.