Овие слатки десерти ќе ја задоволат вашата желба за шеќери ова лето, без да го нарушат „здравиот начин на исхрана”.
- Сладолед од кокос, цреша и ванила: се што ви треба се кокосово млеко, цреши, ванила и малку мед или јаворов сируп. Оваа смеса ставете ја во модли за сладолед и ќе го добиете најубавиот летен десерт кој во исто време е и многу здрав.
- Slushies од лубеница: многу едноставно. Направете пире од лубеница и замрзнете ја.
- Замрзнат јогурт со јагоди: изблендирајте грчки јогурт, јагоди, мед, ванила и ставете ја смесата во калап. Смесата оставете ја во замрзнувач 24 часа.
- Сладолед од банани: наједноставно, пресечете ја бананата на пола и ставете ја на стапче. Вака подготвените банани замрзнете ги. Откако ќе ги извадите можете да ги прелиете со темно чоколадо.
- Мраз со босилек и лимон: неколку ливчиња босилек, свежо исцеден сок од лимон, мед или агаве сируп за блажина и секако мраз. Изблендирајте и уживајте.