Да го сочувате менталното и физичко здравје во овие бурни времиња исполнети со стрес е вистинска мистерија. Но, вреди да се обидете, зар не?!
Сè повеќе се зборува за менталното здравје кое претставува вистински проблем во денешно време. Огромниот притисок и стрес со кој се соочуваат луѓето благодарение на работата, финансиите, семејствата и очекувањата го земаат својот данок во здравје. Факт е дека стресот убива, а долгорочниот стрес предизвикува срцеви заболувања, депресија и дијабетес. Мора да постои начин, да го задржите физичкото здравје на оптимално ниво, дури и тогаш кога сте под огромен стрес.
Хранете се здраво
Храната богата со шеќер и сол е вистинска оддишка кога сте под стрес. И да, ќе направи да се чувствувате подобро моментално, но е штетна на долгорочен план. Д-р Азмина Говинџи објаснува: „Ваквата храна дава моментално излачување на серотонин, но нема да трае долго, како ни нивото на глукоза во крвта.“ Посегнете по сложени јаглехидрати како производи од цели житарки кои ќе ви дадат енергија да го издржите денот.
Кога сме веќе кај храната, одвојте 10 минути настрана од работната маса за да појадувате/ручате. Џвакајте полека и уживајте во вкусовите.
Вежбањето помага
Вежбаме пред лето, после празници и кога сме послободни, но во првиот момент кога ќе се појават секојдневните обврски и стресот, забораваме на физичката активност. Доволно е само да се потсетите колку добро и успешно се чувствувате после вежбање. Не треба да се чувствувате виновни што времето го трошите на вежбање. Тоа е клучен дел од вашето здравје, а ниту еден друг сегмент од животот нема да ви опстои ако не сте здрави. Бидете упорни и создадете здрава навика. Доволен е час или половина час за оптимални резултати.
Не плашете се да побарате помош
Зборуваме за професионална помош која ќе ви се најде ако чувстувате огромен стрес. Наместо да се онесвестите среде состанок со шефот и цел тим, разговарајте со професионалец. За тоа може да почнете од матичниот лекар, кој ќе ви препорача посета на специјалист за ментално здравје. Анксиозноста и депресијата почнуваат како резултат на преголем стрес, а подобро е да ги спречите пред да се појават, отколку да ги лечите.
Спијте доволно
Кога стре под стрес, често страда сонот. Останувањето до доцна за да ја завршите само уште оваа обврска, е контрапродуктивна и самодеструктивна тактика. Ако страдате од недоволно сон, ова само ќе ги покачи нивоата на стрес. Наспани ќе размислувате посвежо и ќе бидете попродуктивни. Лекарствата за спиење се меч со две острици кој не е препорачлив. На нивно место, обидете се со когнитивно бихевиорална терапија. Задолжително оставете го телефонот и работата надвор од спалната соба.
Работата не ве дефинира како личност.Вистина е дека може да донесе неверојатно задоволство, да ја зголеми самодовербата и да ви помогне во личниот развој. Но, ако ви предизвикува толкав стрес, тогаш ги исклучува сите претходно споменати мотиви поради кои работите. Запрашајте се што навистина ви е важно во животот?
И запомнете, не мора секоја секунда од животот да сте продуктивни и да правите нешто. Дозволете си момент кога ќе застанете, ќе земете длабок здив и ќе ги погледнете сите убавини околу себе. Животот е она што ви се случува додека сте зафатени правејќи други планови.