Здравите навики се битен дел од нашето секојдневие, а разновидната исхрана треба да ни е приоритет. Секој може да си одвои време да подготви здраво смути без разлика дали преферира да го конзумира за доручек или ужина. Овие рецепти се едноставни за правење, можат да ги конзумираат и вашите деца, а што е најбитно го снабдуваат вашиот организам со доза на хранливи материи.

смути

1. Овесно смути:

1/4 филџан овесни снегулки,
1 банана,
1/2 филџан јогурт,
3/4 од филџан јагоди или 1/2 филџан боровинки,
3/4 филџан млеко.
Сето ова се блендира и оброкот е готов.

 

2. Смути од јаболко:

1/2 филџан овесни снегулки,
1 филџан јогурт,
1 јаболко,
1/4 филџан млеко,
1/4 кафени лажица цимет,
1/4 кафени лажица мускатно оревче.

Сето ова се блендира и оброкот е готов. За да го разладите напитокот можете да додадете и неколку коцки мраз.

 

 

3. Зелено смути:

1 банана,
1 филџан ананас,
1 круша,
1 портокал,
2 филџана спанаќ,
2 кафени лажици ленено семе,
1 филџан ладна вода.

Изблендирајте и уживајте.