Вчеравечер заврши 20-то издание на Моден викенд Скопје, настан кој веќе 10 години се одржува во главниот град. Јубилејот се славеше од 1 до 3 ноември во просториите на Музејот на град Скопје.
Првата вечер имаше чест да ја отвори дизајнерката Ирина Тошева, која има рекорден број учества на Моден викенд Скопје. Колекцијата беше наречена REM, а главна инспирација на дизајнерката беше надреализмот. Работи со еколошки материјали од банана и пченка, кои се алтернатива на памукот. Потоа се претстави косовската дизајнерка Кренаре Ругова со колекцијата 5 O’CLOCK PM ON A NOVEMBER DAY, обоена во неутрални тонови и асиметрични форми. Sigma се претстави со своја колекција накит, а имавме прилика да ја видиме платформата на концептуалните артисти од Бугарија +7 HOURS BY IVAN ASEN 22.
REM
5 O’CLOCK PM ON A NOVEMBER DAY
SIGMA
+7 HOURS
Вториот ден беше резервиран за Теодора Митровска и нејзината колекција 18 инспирирана од времето на Југославија, а сместена во Железничката станица. Во Музејот на град Скопје потоа се појави бугарскиот современ бренд Jar&Jam со колекцијата TEMPO&PATIENCE…SWEET TEMPTATION. Модната визија на младата дизајнерка Зана Алиу е оваа сезона да покаже зошто црната боја е совршена хармонија на елегантното со колекцијата LA NUIT. Дизајнерката Мила Спасовска се претстави за прв пат под името Јамуна со колекцијата ТЕКСТУРА НА УМОТ. На крај, имавме прилика да ги видиме и креациите од проектот НИТКА.
18
TEMPO&PATIENCE…SWEET TEMPTATION
LA NUIT
ТЕКСТУРА НА УМОТ
НИТКА
Последниот ден од Моден викенд Скопје го отворија студентите од Академијата за моден дизајн во склоп на „Џолев и уметностите“ и Seavus Едукативен и развоен центар под менторство на Никола Ефтимов. Наталија Терзија премиерно ја промовираше линијата за sport-glam облека TERZIYA MOVEMENT, проткаена со минималистички комфор и доза на футуризам. Како претпоследна, имагинацијата за есен-зима 19/20 ROMANTIC FALL пред публиката ја прикажa и Сара Реџиќ. Крајот е резервиран за колекцијата E!MOTION на „Go by Olgica Georgieva“.
АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН
TERZIYA MOVEMENT
ROMANTIC FALL
E!MOTION