Уште во 2019 година, еден од најпопуларните брендови за „брза мода“, Zara, си постави себе си предизвик да го евалуира и да го обнови процесот за дизајнот на својата машка облека. Сега, по две години истражување и развој, брендот ја претстави Origins, минималистичка и издигната капсула која се фокусира на изградба на секојдневен современ гардеробер.
Сочинет од премиум микс на самостоен тексас, кашмир и волна, Origins нуди префинет пристап кон класичните облеки, вклучително и кожни јакни кои се дизајнирани да стареат со шарм, потоа најлонски костуми, скроени капути и многу друго.
Колекцијата – која содржи 205 парчиња – е составена од облека, обувки и додатоци, од кои сите се во согласност со минималистичката филозофија на дизајнот.
Целта на Zara со оваа колекција е да се идентификуцаат најважните и најпопуларни облеки за купувачите, без оглед на полот во глобалната гардероба, благодарение на податоците кои Zara ги има од продажбите направени ширум светот. Откако ги собра податоците, брендот започна одново да ги замислува овие парчиња со луксузна и долготрајна завршница.
Парчињата од гардеробата функционираат одделно и заедно, а се со цел да формираат разновиден и минималистички камен-темелник на секоја облека. Во понудата има се, од чорапи до тренерки преку палта, па се до едноставна бела маичка.