Модната куќа Zara за оваа есен подготви прекрасни парчиња облека со неутрални бои, а за инспирацијата се задолжени работните модели…

Под паролата Workwear Uncut, Zara ги претстави своите најнови стилски опции за мажите и постудените месеци. Моделите Мартијн Фаиј и Џејмс Бик се приклучија на кампањата на модниот бренд, со цел да ги претстават лежерните капути, топлите трикотажи и многу други детали настанати за оваа прилика.

Функционалноста и стилот пристигнуваат заедно во новата колекција на Zara и парчиња инспирирани од работните одела. Ваквите детали се највпечатливи при гледањето на нешто потоплата гардероба, како што се јакните и каптите. Модната куќа Zara подготви класични парчиња како што се парка јакните, но нивниот изглед потполно го усоврши со штепуваните детали.

Позната по следењето на најновите стилови, компанијата Zarа за оваа сезона вклучува нешто поопуштени и пошироки силуети. Вкупниот дизајн на сите парчиња од новата колекција вклучува се, од широки панталони и торби, до меки материјали и траперски капи. Новите Trek чизми се задолжени за комплетирање на изгледот на колекцијата.