Кето диетата првично беше развиена како терапевски начин за лекување на нападите на пациентите кои боледуваат од епилепсија. Сега, на кето диетата се гледа како на начин на исхрана кој може да биде полезен и на оние кои не страдаат од напади.

Оваа диета се состои од:
75% масти
20% протеини
5% јаглехидрати

Со ваквата исхрана телото влегува во кетоза што пак значи дека телото како гориво наместо јаглехидратите ги согорува мастите.

Мастите, протеините и јаглехидратите се нарекуваат макронутриенти. За да се влезе во кетоза најпрво треба да знаете дека:

1 грам масти содржи 9 калории
1 грам протеини содржи 4 калории
1 грам јаглехидрати содржи 4 калории

Доколку внесувате 2000 калории на ден, би значело дека треба да внесете 167 гр. масти, 100гр. протеини и 25гр. јаглехидрати.

Еве како полесно да пресметате колку макронутриенти треба да внесете:

Масти
2000 калории x 75% масти = 1500калории
1500 калории : 9 калории на грам = 167 грама масти

Протеини
2000 калории x 20% протеини = 400 калории
400 калории : 4 калории на грам = 100грама протеини

Јаглехидрати
2000калории x 5% јаглехидрати = 100 калории
100 калории : 4 калории на грам = 25 грама јаглехидрати

Намалениот внес на јаглехидрати и зголемениот на здрави масти ќе му помогне на вашето тело да влезе во кетоза. Ова е физичка состојба каде телото произведува кетони за енергија и топи масти како гориво. Состојбата на кетоза оди во прилог на губењето на телесна маса и затоа се повеќе луѓе се придржуваат кон оваа диета.

Влегувањето во кетоза е клучен момент во оваа диета. Доколку ги намалите јаглехидратите драстично и внесувате кето додатоци во исхраната ќе навлезете во кетоза. Откако ќе се адаптирате на внесувањето доволно масти, за уште подобри резултати се препорачува постење 16:8 (што значи сите калории ги внесувате во текот на 8 часа, а останатите 16 не внесувате храна).

Доколку сакате да дознаете дали сте во кетоза тоа може да се испита преку присуство на кетонски тела преку крвна слика или урина. Зависно од диетата, физичката активност, брзината на метаболизмот, генетиката и слично, влегувањето во фаза на кетоза може да трае од неколку дена до неколку недели.

кето диета

ЗА кето диетата

#1 Помага при намалување на телесната тежина

Кога телото ќе навлезе во кетоза, се зголемува топењето на мастите кое оди во прилог на намалување на телесната маса. Со намалување на внесувањето на јаглехидрати телото задржува помалку вода што исто така придонесува на намалувањето на масата (што не значи слабеење). Она што е позитивно е што исхраната која е богата со масти и протеини заситува повеќе отколку исхраната богата со јаглехидрати. Подолго ќе сте сити, и помалку калории ќе внесете.

#2 Кето диетата го намалува апетитот и го зголемува чувството на ситост

Како претходно што спомнав, оние кои ќе ја практикуваат оваа диета поретко јадат бидејќи високиот внес на масти ги намалува нападите на глад и овозможува континуирана енергија и го намалува апетитот.

#3 Со кето диета може да го намалите холестеролот

Повеќе студии покажале дека со кето диетата „добриот” холестерол може да се зголеми, а „лошиот” холестерол да се намали.

#4 Кето диетата може да го намали крвниот притисок

Истражувањата кожакале дека исхраната со намален внес на јаглехидрати има позитивно влијание на крвниот притисок. Високиот притисок е ризик фактор за многу болести.

#5 Го намалува нивото на инсулин

Заради намалениот внес на јаглехидрати, кето диетата има позитивно влијание на нивото на инсулин, односно го намалува нивото на шеќер во крвта и флуктуациите на нивото на инсулин.

#6 Кетозата го подобрува расположението, сонот и нивото на енергија

Искуствата покажале дека кога телото ќе навлезе во кетоза, потребно му е помалку сон за да се чувствуваат полни со енергија, добро распложение и ентузијазам.

#7 Кето диетата се поврзува со регулирање на хормоните во телото

Една од причините заради која многу жени се придржуваат на оваа диета е бидејќи помага при регулирање на хормоните во телото.

ПРОТИВ кето диета

#1 За кето диетата потребен е период за адаптација

Адаптацијата на кето може да трае 2-3 недели и транзицијата може да биде нелагодна за многумина. Често може да се случи “кето настинка” со симптоми исти како обичната настинка: главоболка, треска, болка во мускули, омалаксаност и слично. Заради рестрикцијата на јаглехидрати телото не задржува доволно вода, па можно е и губење на електролити. Ова се надминува со кето суплементи.

#2 Кетото може да ве доведе до запек или дијареја

Драматично зголемениот внес на масти и драстично намалениот внес на јаглехидрати може да доведе до нелагодност во стомакот, од дијареја до запек.

#3 Кетото ве ограничува во исхраната

Некои луѓе не сакаат да избегнуваат цели групи на храна. На пример, тотално исклучување на шеќерот (сладолед, торти и сл.) или популарните јаглехидрати (ориз, паста, пица) неможе секој да го поднесе. Или пак овошјето, кетото го лимитира и внесот на овошје бидејќи содржи фруктоза.

#4 Кетото може да предизвика зголемување на холестеролот кај некои луѓе

Доколку имате генетска предиспозиција за зголемено ниво на холестерол, кето диетата не е за вас! Заради зголемениот внес на масно месо кај некои луѓе нивото на холестерол се зголемува.

#5 Кетото ве ограничува во дружбата со пријателите во ресторан

Оброците во ресторан заедно со пријателите нема да ви бидат така забавни како порано. Намаленото мени може да ви создаде непријатност и лесно да се предадете на забранетата храна. Доколку сакате да се напиете некоја (1-2) чашка алкохол ќе мора да се придржувате до пијалоците кои содржат многу ниско ниво на јаглехидрати како што се сувите вина, вотка, џин или текила.