Историски гледано, стереотипно, ташните како да се наменети за понежниот пол. Како и да е последната деценија „Pouch“ ташната го раздвижи светот на машката мода. Комбинација помеѓу новчаник и „плик“ ташна, „Pouch“ е нешто во кое би можеле да ги внесеме најнеопходните работи, на модерен софистициран начин, со стил. Овој вид на ташна беше најзабележана кај мажи на модните недели, кај претприемачи, славни личности како BTS кои станаа машки модни икони. Но покрај практичноста, оваа ташна стана сакана и поради нејзината разновидност. Може да се носи на деловен состанок, но и на романтична вечера, на забава, па дури и на плажа. Еве избор на неколку машки „Pouch“ ташни.

Tom Ford

Листата почнува со нешто ексцентрично, но модерно. Сепак лето доаѓа. Оваа ташна на Tom Ford во неон зелена боја, е направена од високо квалитетна кожа наменета за модерниот маж. Едноставна е за комбинација бидејќи одлично стои на светла облека за преку ден, а исто така и на некоја темна комбинација за вечерен состанок.

Saint Laurent

Неформален стил од колекцијата „Rive Gauche“. Доволно голем за таблет и доволно практичен за носење. Бојата одговара на многу комбинации, но треба да се внимава на стилот.

Berluti Scritto Venezia

Истовремено класичена и модерена. Направена е од кожа од Венеција, за која се вели дека развива патина со текот на користење. Убавината е во едноставноста на оваа „Pouch“ ташна.

Balenciaga

Култен фаворит меѓу мажите е оваа ташна на Balenciaga која е инспирирана од популарната „City“ ташна на истоимениот бренд. Направена од високо квалитетна кожа оваа ташна има впечатливи додатоци, патент кој се истакнува и и дава карактер на истата. Оваа таканаречена „градска“ ташна е создадена за современиот маж кој го живее брзиот градски живот.