Крстарење, море и секако луксузна јахта. Проектот Altea е новитет во холандската компанија Heesen Yachts. Оваа јахта е долга 49,8 метри целосно изработена од алуминиум и секако доста стаклени делови. Кога станува збор за ентериерот неможе а да не се спомене дека навистина е класа.

Во шесте кабини со елегантен амбиент кои можат да соберат 12 лица наидувате на луксуз од сите страни, кожа, уникатни теписи изработени по нарачка, свила, кадифе… Покрај сместувањето за гостите и домаќините, јахтата располага и со пет кабини за деветчлен екипаж.

Altea

Altea e конструирана врз основа на дизајнерската и инженерската платформа Nova Plus, алуминиумската јахта ја придвижуваат два дизел MTU 12V 2000 M72 мотори, секој со 1.080 kW, така што може да развие максимална брзина од 19,5 јазли, додека неговиот опсег на транзиција е 3.750 наутички милји, со брзина од 12 јазли, што ја прави најбрзата и најекономичната јахта во нејзината класа.