Дизајнерот Џозеф Дамари создаде концепт за претстојната конзола Xbox Series X која вклучува проектор и звучник во неговиот дизајн. Концептот Xbox Project Oris има 3Д систем на звучници и вграден проектор способен за проектирање на материјал во висока резолуција од 8K HDR. Покрај тоа овој проектор има Motion + технологија која може автоматски да детектира ѕид.
Концептната конзола исто така вклучува и дигитален асистент кој може да ги исклучи светлата во просторијата, да пушта музика и да постави потсетници со едноставна говорна команда. Концептот има и touchscreen controller со сензор за отпечатоци, поставен на профил според параметрите на контролорот. Може овој концепт ќе го запознаеме во реалноста.