Поседувањето на хеликоптер кој може да чини и неколку милиони долари е резервирано за светската елита. Во бизнис и ВИП светот, постојат ВИП-хеликоптери кои ќе направат да се чувствувате како ЕЛИТА. Но овој бизнис е ограничен на неколку имиња кои се познати по нивната работа, како Sikorsky, Bell и Airbus Helicopters.

Sikorsky, основана во 1923 година од руско-украинскиот инжињер Игор Сикорски, е компанија која со својот хеликоптер S-76D повеќе од четири децении опслужува ВИП личности. Повеќе од 10 држави се потпираат на S-76D за превоз на своите шефови на држави, но исто така многу корпорации ги користат за превоз на корпоративните раководители.

хеликоптери
Sikorsky S-76D

Bell Textron Inc., основана како Bell Aircraft Corporation во 1935 година, веќе долго време е лидер во индустријата. „Airwolf” од истоимената ТВ серија од 80-сетите е Bell 222, а Bell 47J Ranger имаше во филмот на Џејмс Бонд-Thunderball. Меѓутоа денес како хеликоптер од оваа компанија која е наменета за ВИП личности е Bell 525.

Попозната како „vanguard” во дизајнирање и инженерство на воените хеликоптери со врвна технологија, оваа компанија полека но сигурно ќе го револуционизира и секторот за бизнис авијација.

Дизајнерските изданија не се вообичаени во светот на приватниот авио транспорт, но Aston Martin и Airbus во декември минатата година објавија дека го направиле тоа со веќе постоечката верзија на Airbus ACH130. И како што бива работата се добива ACH130 Aston Martin Edition, дизајнерска експертиза која завршува во стилот на суперѕвезда.

Дизајнерите од двата бренда работеле повеќе од една година на проектот со цел да го спојат најдоброто од автомобилската и воздухопловната индустрија, што сигурно било предизвик. И како што сите знаеме дека убавината е од големо значење за Aston Martin, овој хеликоптер се позиционира за пазар кој создал приврзаност и лојалност кон брендот.

ACH130 Aston Martin Edition