Започна третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District. Фестивалот ќе трае од 19 до 22 август, ќе се одвива по однапред утврдена рута и за посетителите ќе понуди многубројни светлосни инсталации кои ќе ги оживеат објектите во центарот на градот.

Третото издание на фестивалот на светлината претставува симболичен мост, живописна врска што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото со сегашноста и иднината, градот и природата, користејќи го јазикот на светлината. Фестивалот оваа година испраќа пораки за заштита на животната средина преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства.

За полесна комуникација, запознавање со уметниците и нивните дела, како и утврдената мапа за движење, Skоpje Light Art District создаде и Андроид апликација која е достапна за мобилните телефони на посетителите. Истата можат да ја користат за време на фестивалот како еден вид водич.

Skopje Art Light District

Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Францускиот институт во Скопје.

Придружете се и вие на магичното светлосно доживување во нашиот главен град – Skopje Light Art District 2020.