Френк Запата, поранешен џет ски шампион и француски изумител, успеа да постигне нешто за што многумина сонуваат – да лета. Овој подвиг го достигна благодарение на својот изум – Flyboard Air, еден тип на „џетпек“ кој се напојува со гасни турбини, кои се продаваат од страна на компанијата на Запата, Zapata Racing.

Основана од Френк Запата, Zapata е компанија која е специјализирана за развој и производство на хидро-погонски технологии и уреди, или летечки продукти. Flyboard Air, конкретно, може да лета до висина од 3.000 метри, има максимална брзина од 150 километри на час, 10-минутна издржливост и капацитет на носивост од 102 килограми. Се вели дека е најбезбедниот, најлесниот и најманеврирачки персонален авијациски систем досега направен.

Како што е и со секој хаверборд, така и Flyboard Air е дизајниран да биде пилотиран со малку тренинг, а добриот баланс на телото е клучен за да се контролира овој уред. Кога станува збор за безбедноста, доколку едната турбина откаже, Flyboard Air сепак може да ве одржи во лет. Ако двата откажат, уредот може да достигне контролирано слетување додека пилотот има можност да пристапува до информации за висината, брзината и нивото на автономија на неговата кацига.

Во моментов, Zapata Flyboard Air е замислен за три полиња: воената, индустриската и забавната индустрија. За војската, пронаоѓачот во својот производ го замислува како алатка за евакуација или спасување луѓе, во индустрискиот сегмент може да служи за поправка на структури или за дистрибуција на производи, додека забавната индустрија може да се користи за ТВ или дури бренд активации базирани на искуство. Иако уредот се уште е во развојна фаза, Zapata се надева дека истиот наскоро ќе се најде во комерцијално производство.