Дизајнерот на автомобилски концепти Abimelec Arellano, го создаде концептот Lamborghini Urus Arctic Truck. Спој на душата на супер спортскиот автомобил со функционалноста на SUV. Всушност овој дизајнер на познатиот автомобил со високи перформанси му дал можност за движење слободно и лесно во арктички услови. Концептот се карактеризира со огромни тркала подготвен да се справи и со најекстремните услови.

На покривот има резервна опрема, резервен канистер со гориво и резервна гума, која би го извлекла Lamborghini Urus Arctic Truck доколку дојде до дефект. За овој концепт дизајнерот не го менува 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор, кој произведува 641 коњски сили и е во состојба од 0 до 100 км/ч да забрза за само 3,6 секунди. Комбинацијата од црвена боја и бронзени фелни совршено се вклопуваат во белината од околу.