Телевизиската серија Breaking Bad која своевремено сруши рекорди на гледаност и се закити со многу награди, доби филмско продолжение. Филмот го носи името El Camino: A Breaking Bad Movie и претставува еден вид епилог на случувањата од серијата. Според критичарите, ова е еден „што би се случило понатаму“ момент.
Режисерот и креатор на серијата Винс Гилиган е и режисер, сценарист и продуцент и на филмот. Арон Пол се враќа во својата главна улога на Џеси Пинкман, а репризни, кратки појавувања имаат и актерите Џеси Племонс, Кристен Ритер, Џонатан Бенкс и Брајан Карсон.
Снимањето на филмот се случуваше тајно во Њу Мексико во неомври 2018. Својата премиера на Netflix ја доживеа на 11 октомври оваа година, а доби позитивни критики од фановите кои навистина сакаа еден квалитетен финиш за ликот на Арон Пол.