Aston Martin го пренесе својот поим за луксуз на едно повисоко ниво, креирајќи свој облакодер со 66 ката, стамбена зграда која нуди неверојатен поглед на Ки Бискејн во Мајами Бич.
Проектот за оваа зграда за првпат е претставен во 2017 година и поседува архитектонски финиши со врвен квалитет и детали креирани со рачна работа.
Стамбената зграда на Aston Martin поседува голем број современи станови, пентхауси и еден триплекс вреден 66 милиони долари, кој пристигнува со Aston Martin Vulcan модел. Вкупно 38 стамбени единици со поглед на океанот се сместени на 15-тиот кат и седум пентхауси на 56-тиот. Секој стан поседува чист, модерен дизајн, кој е креиран со употреба на елегантни бели ѕидови, прозорци од под до таван и црн мермер, кој на совршен начин ја акцентира површината на секој простор посебно. Вкупсните и истакнати дизајнерски карактеристики рефлектирани се со сината боја на океанот која ги опкружува и кој се пробива во ентериерите преку големите прозорски отворања.
Голем број на содржини
Жителите на Aston Martin зградата исто така добиваат и целосен пристап до четирикатната Sky Amenities установата која покрива преку 3.927 квадратни метри на сите катови. Покрај стандардните теретани и тушеви, оваа зграда исто така поседува и свои приватни докови за сите сопственици на јахти. На еден од највисоките катови се наоѓаат уметничка галерија, сала за состаноци, бизнис центар, игротека за деца, центар за тинејџери, гејминг соба и сала за венчавки, кои исто така се достапни за сите кои живеат во зградата.
Стамбениот комплекс поседува и велнес кат, во кој сите сопственици на становите можат да пронајдат боксерски ринг, спин рум, теретана, спа, соба за медитација, сауна, салон за убавина, простор за третмани и фризерски салон, со еден од најубавите погледи на Мајами Биџ. Киното и виртуелниот голф центар, како и приватните трпезарии кои се отвораат кон грандиозниот бескраен базен, исто така носат неописливо убави погледи на Атлантскиот океан.
Завршните работи на Aston Martin зграда се планирани за почетокот на следната година.