Повеќекратниот оргазам не е резервиран само за жените. И мажите можат да доживеат неколку сексуални експлозии последователно. Потребна е вежба.

Првата грешка според експертите, е поистоветување на оргазмот со ејакулацијата.

  • „Оргазмот е делот од сексуалното искуство кој се случува 2 до 7 секунди пред ејакулацијата“, вели Ева Кадел, сексолог од Лос Анџелес. „Претставува комбинација од зголемена чувствителност на телото, забрзување на здивот и пријатно чувство на половиот орган и тестисите.“
  • Ејакулацијата е крајниот, завршен чекор од стимулацијата и вклучува испуштање на сперма, како и невротрансмитери кои треба да пренесат порака до организмот дека сега е во состојба на одмор и закрепнување – рефракторен период.“

оргазамДодека навистина е невозможно да доживете повеќекратен оргазам без рефракторен период, постои техника со која доживувањето на повеќекратен оргазам се случува пред ејакулација. Се состои во зајакнување на карличниот под. 

Д-р Џонатан Стигал вели дека е невозможно да очекувате повеќекратниот оргазам да има ист интензитет како останатите. Но, за некои мажи задоволството од повеќе помали ќе биде поубаво од еден голем. 

Што треба да направите?
  • Зајакнување на мускулите на карличниот под. Мускулите кои се наоѓаат од пубичната коска па сè до тртната коска ја контролираат ејакулацијата. Нивното постојано вежбање со Кегелови вежби. Ако можете да ја спречите ејакулацијата со помош на мускулите, ќе можете да доживеете уште еден и уште еден оргазам. 
  • Поттиснување на ејакулацијата кога мастурбирате. Д-р Лемилер, автор на Tell Me What You Want, вели дека според неговото истражување, при мастурбирање потребно е да се дојде близу до точка на ејакулација и истата да се прекине. Секако, пред да биде доцна. Точката е индивидуална за секого, па секој треба да ја најде.
  • Обидете се во друга поза. Понекогаш и самата сексуална поза не помага, туку одмага. Обидете се за време на сексот, вие да сте одозгора, додека таа е седната на стол. Така ќе имате поголема контрола врз станувањето и повлекувањето пред да ејакулирате. 
  • Фокусирајте се на дишењето. Експертите велат дека длабокото вдишување и издишување ја забавуваат ејакулацијата. Како се приближувате кон ејакулација, така дишењето станува сè поплитко. Вежбајќи дишење од дијафрагма, можете да ја одложите ејакулацијата за оргазам, два плус. 
  • Проверете го нивото на тестостерон. Можеби не сакате да доживувате повеќекратни оргазми, но сакате да го намалите рефракторниот период. За тоа ви се потребни оптимални нивоа на тестостерон. Стигал советува проверка на тестостеронот кај мажите над 30 години. Идеалното ниво на тестостерон се движи помеѓу 300 до 1000 нанограмови на децилитар крв. Симптомите на ниско ниво на тестостерон се замор, намалено либидо, зголемена телесна тежина.