И покрај возбудата за графичкиот процес, унапредениот аудио систем и сите останати спецификации, next-gen конзолата на јапонскиот производител Sony беше мета на потсмев по официјалното откривање, привлекувајќи естетски споредби со секаков вид на предмети и ликови кои немаат никаква врска со оваа конзола. Но, веројатно гејмерите многу повеќе ќе ја ценат оваа златна верзија на PlayStation 5 направена од страна на Truly Exquisite.

PlayStation 5

Компанијата од Лондон која се занимава со персонализирање и продавање на различни потрошувачки стоки меѓу кои кои и патики со Swarovski kristali и платинести iPhone уреди, го откри рендерот за својот Luxury Bespoke Sony PS5 Collection. Кпувачите ќе можат да ја добијат својата конзоола, контролерот и слушалките во 24 каратно злато, или пак во 18 каратно розево злато или платина.

Цените за ова задоволство не се откриени, но Truly Exquisite наплаќа преку 5.300 долари за да го прекрие Samsung Galaxy S20 Ultra во 24 каратно злато. Со оглед на тоа дека PlayStation 5 заедно со своите додатоци има многу поголема површина од овој смартфон, лесно може да се заклучи дека цената ќе биде неколкукратно повисока.

За оние кои се заинтересирани да се подноват со вакво луксузно парче на новата конзола на Sony, компанијата овозможува регистрирање на нивниот сајт, а повеќе детали се очекуваат да пристигнат нешто подоцна.