Несомнено Rolls-Royce и луксузот се синоними. Тоа го потврдува и оваа кошница за пикник која доаѓа од британскиот автомобилски производител наменета за нешта како кавијар и шампањ. Како и самите автомобили така и овој додаток е направен од најдобрите материјали и врвен инжењеринг, а кога станува збор за изгледот се применува минималистичкиот дизајн.

Енигматската кутија е изработена од јаглеродни влакна и алуминиум, а покриена во кожа со делови од дабово дрво. Магијата се случува со притискање на едно копче кое ја трансформира кутијата театрално во маса под кој има прекрасен шампањ сет со впечатливи рачно изработени кристални чаши распоредени во шема што потсетува на V12 моторот. Но магијата не завршува тука.

Од двете страни има фиоки со меко подножје изработено од црвена кожа во кое се сместени канистри кои се грижат за температурата на вашиот пијалок. Во сетот е вклучен и посебен сад за кавијат и други додатоци, потоа четири памучни салфети и бисерни лажици со магнетни рачки. Во секој случај како што велат од Rolls-Royce, да се чувствувате како обвиткани во аура на луксуз.