Англискиот пејач и текстописец Yungblud е лицето кое ја претстави новата колекција на Ray-Ban наречена Weird Collection. Еден ден пред дебито на неговиот нов албум Weird! ја покажа новата колекција на познатиот бренд за очила во нова интересна кампања.

Претставувајќи ја најдобро неговата поп-рокерска личност, Yungblud ги покажа моделите State Street, Nomad и Carribean.

Ray-Ban State Street имаат квадратна ацетатна рамка со Evolve Photochromic леќи, Nomad се претставување на филмската и рок-историјата од 1970-тите, додека Carribean се реинтерпретација на Ray-Ban Wayfarer со зелени цртички.